Проект

Опсег

Во последните години, повеќе од  1 милион бегалци и мигранти пристигнаа во ЕУ, повеќето од нив бегаат од војната во Сирија и од други проблематични земји. Одговорот од пристигнувањето на стотици илјади луѓе во последните неколку месеци ги продлабочи поделбите во срцето на ЕУ и во нејзините земји, посебно во тие во кои мигрираа најголем број бегалци: солидарност против непријателство, будење на Еврокритицизам и Евроскептицизам, прашања  и загриженост за идината на Европа, евроинтеграцијата и нејзино распаѓање…

Проектот EUBorC о обединува силно партнерство кое е составено од  девет (9) локални власти и граѓански организации од Грција, Бугарија, Република Северна Македонија, Италија, Малта и Шпанија, лоцирани во близина на копно или “поморски” граници, кои сите споделуваат слични искуства во однос на приемот на бегалци, особено за време на кризата во последните неколку години.

Европското граѓанство и политиките на ЕУ за планирање, солидарност, еднакви можности и недискриминација, претставуваат фундаментални права на работните програми на сите партнери. Во последните години, со порастот на мигрантите овие права и теми се повеќе се дискутираат и елаборираат.

​Цели

Проектот е планиран во целост со повикот на Ниво 2: Демоктратски ангажман и граѓанско учество, Action 2.2: Вмрежување на градови.

Главната цел на проектот е размена на искуства и практики за приемот на бегалците и социјална солидарност.

Особено, проектот има за цел:

  • да овозможи дискусија за улогата на локланите заедници во промовирање на активно граѓанство,волонтирање и солидарност
  • поддршка за интеграција на бегалци и имигранти
  • зајакнување на довербата на Европските граѓани во концептот на интеграцијата и солидарноста
  • дебата и разбирање за Евроскептицизам и иднината на Европа
  • трансформација на обични граѓани и волонтери во активни чинители, способни да ги информираат и инспирираат граѓаните од сите возрасти за идеата за Европско единство и Европска иднина.
  • Зајакнување на активно граѓанство и учество во ЕУ    

 

Дејствување

Проектот вклучува различни видови на интерактивни и пратиципативни активности кои обезбедуваат постигнување на целите на проектот и програмата.

  • Организација на седум 3 дневни меѓународни настани
  • Организација на 27 локални работилници (3 во секоја област на партнери) за главните теми на проектот, активности и излези што треба да се дискутраат и да се промовираат на локално ниво.
  • Дизајн и изработка на повеќејазичен веб портал кој овозможува ЕУ дијалог и споделување на е-содржини меѓу граѓаните.
  • Изготвување на заеднички акционен план за интеграција на мигрантите и бегалците, ублажување на негативните ефекти од евроскептицизмот, расизам,кесенофобија,зајакнување на активно европско граѓанство,волонтеризам и солидарност и идентификација на добри практики.
  • Масовни медиуми, социјални медиуми и веб информативни кампањи.

Резултати

Директните и индиректните резултати од имплементацијата на проектот се:

  • мотивација и ангажман на граѓаните, локалните власти, засегнатите страни и организациите во континуиран дијалог фокусиран на интеграција на бегалци и мигранти, солидарност и волонтерство.
  • разбирање и дебата за Евроскептицизмот и историјата и иднината на Европа
  • пораст на солидарноста и зајакнување на интеграцијата на бегалците и мигрантите
  • ублажување на Евроскептицизмот во областа на партнерите
  • пренос и капитализација на резултатите од проектот надвор од градовите на проектот преку партнер мрежи.
  • Зајакнување на активно европско граѓанство,волонтерство и солидарност
  • Потпишување на Меморандум за соработка меѓу партнерите

Рамка

Европа за граѓаните е програма на Европската унија со цел да се помогне да се премости јазот помеѓу граѓаните и Европската унија. Целта на програмата “Европа за граѓаните” е да придонесе  граѓаните да ја разберат историјата и разновидноста на Европската унија и да се поттикне демократско учество на граѓаните на ниво на Унијата. За програмта е издвоен буџет од  187.718.000 евра за период  2014-2020 година.

https://eacea.ec.europa.eu/europe-for-citizens_en

Disclaimer

The European Commission's support for the production of this publication does not constitute an endorsement of the contents, which reflect the views only of the authors, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein